ВИДЕО: Шимпанзи го тепаат, убиват и јадат својот поранешен лидер

Од:

Група шимпанзи претепале, убиле, а подоцна и јаделе шимпанза од својата група, за што се забележани само девет случаи.

Шимпанзите обично се тепаат и убиват со други, конкурентски чопори. Истражувачите сметаат дека односите помеѓу мажјаците и женките во една група може да бидат причина за судири, што најверојатно била причина и тука.

Во заедниците на шимпанза обично има повеќе возрасни женки од мажјаци, меѓутоа во оваа група ситуацијата е обратна.

Шимпанзото Фудоко бил пронајден од научниците со голема рана на грбот, скршени ребра и неколку гризнатини.

На видеото се гледа како шимпанзите го влечат крвавото тело по земјата, а според истражувачите бесните шимпанзи го усмртиле Фудоко удирајќи го со камења, а откако умрел го гризеле и му кинеле месо.

Фудоко беше лидер на оваа група шимпанзи во Сенегал во паркот за шимпанзи наречен Фонголи Савана, меѓутоа само како замена додека алфа-мажјакот Мамаду бил повреден. Откако Мамаду се вратил Фудоку бил отфрлен и живеел одвоен од другите.