За министри од ДУИ нема место на владината страна

Од:

На официјалната страна на Владата ги нема Министерствата за внатрешни работи и труд и социјална политика. Иако сите министри и техничкиот премиер се преставени на страната, министрите од ДУИ Агим Нухиу и Ибрахим Ибрахими воопшто не се преставени како членови на Владата.

Не е јасно дали се работи за технички пропуст или намерно се изоставени со оглед на нивната функција која ја вршат во пост изборниот период до составување на нова Влада.

Во Владата се уште има министри кои ги вршат своите функции и покрај тоа што имаат дадено заклетва за пратеници. Емил Димитриев, Никола Тодоров, Никола Попоски, Елизабета Канческа Милевска цел месец ги кршат Уставот, Законот за Влада и Изборниот законик.

Во член 8 од  Изборниот законик јасно стои дека Функцијата пратеник е неспојлива со функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и со други носители на функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија.