Поранешниот ирански претседател Акбар Хашеми Рафсанџани денеска почина од кардиоваскуларни проблеми, јавија иранските агенции ИСНА и ФАРС, цитирани од француските медиуми.
Рафсанџани беше претседател на Иран од 1989 до 1997 година.
Денеска, под итно, тој бил примен во болница со сериозен кардиолошки проблем.
И покрај возраста, Рафсанџани (82) и натаму беше еден од највлијателните фигури во земјата.
Тој беше силен поддржувач на актуелниот претседател Хасан Рохани.