Жалбената постапка од масовниот убиец Андерс Брејвик, кој во 2011 година во Осло уби 77 лица, се отвара во вторник во импровизирана судница во сала за вежбање во затворот Шиен, на југот од Норвешка, каде Брејвик ја одлежува својата казна.
Предвидено е сослушувањето да трае шест дена, по што Апелацискиот суд Боргартинг ќе ја изрече пресудата што се однесува на жалбата на Брејвик за нарушени права од Европскатај конвенција за човекови права затоа што во затворот е ставен во изолација.
Брејвик (37) во 2012 година беше осуден на 21 година затвор за масовно убиство и тероризам, а оваа казна може да се продолжи колку што ќе биде потребно доколку тој се смета за опасност за општеството.
Правните експерти сметаат дека десничарскиот екстремист, кој ги призна убиствата, веројатно доживотно ќе остане во затвор, пренесуваат американските медиуми.
Бејвик често пати се жалеше на третманот и условите во затворот.
Тој внимателно ги имал испланирано нападите од 22 јули 2011 година, кога прво поставил автомобил-бомба пред седиштето на владата во Осло, усмртувајќи осум лица и ранувајќи повеќе од дестина други.
Потоа, тој убил уште 69 лица, повеќето тинејџери, кога заминал на блискиот остров Утоја, каде отворил оган на годишниот летен камп на младинското крило на левичарскатаа Лабуристичка партија, по што и се предал на полицијата.