Најмалку седум луѓе загинаа во источен Багдад откако бомбаш-самоубиец го активирал експлозивот што го имал на себе.
Според полициски и медицински извори во нападот повредени се над десет луѓе.
Нападот се сличи на пазар во квартот Баладијат, претежно населен со шиити.
Тоа е втор напад денеска во Багдад. Во првиот напад со автомобил-бомба на пазарот во Јамила загинаа 13 луѓе, а одговорноста ја презеде Исламска држава.