Поранешниот претседател на Португалија, Марио Соареш денеска почина на 92 години во Лисабон.
Соареш беше хоспитализиран на 13 декември, а набрзо потоа падна во кома.
Тој беше претседател на Португалија од 1986 до 1996 година, а пред тоа беше премиер, како и министер за надворешни работи.
Соареш е основач на Социјалистичката партија.