Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите, по интервенција на екипите на Македонија Пат.
Во прекин е сообраќајот во двата правца за сите возила од утрово во 7 и 50 часот на регионалниот пат Кратово-Пробиштип. Сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка кај Младо Нагоричане се одвива отежнато поради наноси од снег на коловозот.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово, Ѓавато, патен правец Крива Паланка- граничен премин Деве Баир и патниот правец Велес-Катланово.
Сообраќајот на патниот правец село Крупиште-Пробиштип е нормализиран.Нормализиран е сообраќајот и на патниот правец Свети Николе-Куманово. Од 09:30 часот од Велес према Штип и Пробиштип наизменично се пропуштаат возила. Остануваат на сила забраните за тешки товарни возила.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Задолжително е поседување на зимска опрема во возилата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, додека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.