Извртени и излизгани автомобили го закочија сообраќајот на автопатот Скопје – Велес

Од:

Извртени и излизгани автомобили со часови го кочеа сообраќајот на автопатот Скопје – Велес на неколку километри пред Велес. А1он отиде на местото каде поради нерасчистениот снег, луѓето не можат да го продолжат својот пат кон Скопје.

– Најголем проблем прават камионите, чии приколки буквално го имаат блокирано целиот автопат. Никој не ни кажува како ниту кога ќе излеземе од гужвата, рекоа за А1он граѓаните.

Од АМСМ излегоа со соопштение дека се запознаени со состојбата и апелираат возачите да се движат полека и внимателно и да не го продолжуваат патот кон Скопје, туку да останат во зимскиот пункт во Велес.

– Не препорачуваме да се тргнува на пат за Скопје, подобро одложете го вечерашново патување, советуваат од АМСМ.

Препораката на АМСМ исто така важи и за граѓаните кои патуваат од Скопје кон Велес.

По алармот на УХМР за ексремно ниски температури, властите апелираа граѓаните да се воздржат од патувања викендов.