Апелациониот суд на Колмар денеска донесе одлука за привремена мерка притвор за поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, до добивање формално барање од Србија за екстрадиција, се вели во соопштението на јавното обвинителство, јавува дописникот на МИА од Париз.
Истражниот совет на Апелациониот суд на Колмар потоа ќе одлучи за правосилноста на тоа барање.
Харадинај беше уапсен вчера на аеродромот во Базел-Мулуз Фрајбург од граничната полиција на Франција, откако тој излезе од авионот од Приштина.