Откажана посетата на српскиот претседател Томислав Николиќ на Штрпце

Од:

Посетата на српскиот претседател Томислав Николиќ на Штрпце во Косово е откажана, јави Танјуг.

Од Кабинетот на Николиќ инфомирале дека посетата е откажана откако т.н. претходница на границата била малтретирана со несоодветно однесување на персоналот.

Претседателот Николиќ требаше утре, на Бадник да престојува во Штрпце.

Косовското МНР тврди дека причина за одбивањето барање за посета е „доцнење во процедурата за пријавување, предвидена со договорот за посети на високи претставници од двете држави“.