Во Париз се води истрага против Националниот Фронт за незаконска употреба на европските фондови

Од:

Обвинителството од Париз им ја довери на истражните судии од финансискиот оддел, истрагата за сомневањето за илегално исплатенатите  плати на парламентарните соработници и на европратениците од  Националниот фронт. Европскиот парламент бара Националниот фронт да врати назад 340 000 евра, јавува дописникот на МИА од Париз.

Судската истрага била отворена на 15 декември за злоупотреба на доверба и примање на незаконски средства и измама од страна на организирана банда, фалсификување… Тоа произлегува од истрага спроведена во март 2015 година од страна на обвинителството, по пријавата  од страна на Европскиот парламент.

Европската унија бара речиси 340.000 евра од  Марин Ле Пен, со оглед дека француската европратеничка го има добиено тој износ за да плати два парламентарни асистенти кои, всушност, имаат работено во ексклузивна корист на нејзината партија Националниот фронт (ФН) .

Телото на Европската унија за борба против измамите (ОЛАФ) побара на 2 Август 2016 во Европскиот парламент отворање постапки за враќање на парламентот износ од 339 .946 евра, сума што одговара на платите исплатени на два парламентарни соработници на Марин Ле Пен – Тиери Лекие и Катрин Гризе, според еден парламентарната извор близок до истрагата, потврдувајќи ги информациите на два француски медиуми, Медијап и Маријан.