По победата на Трамп, „видовитиот“ професор предвидува распад на ЕУ

Од:

Професорот Марк Блајт од американскиот Универзитет „Браун“, кој се прослави со своето предвидувања уште минатото лето дека Доналд Трамп ќе победи на претседателските избори во САД, сега предвидува дека до крајот на оваа година ќе дојде до распад на Европската унија во нејзината сегашна форма.  

Овој Шкотланѓанец, кој е професор по политичка економија, ги предвиде и референдумската одлука за Брегзит и одбивањето на уставните реформи на реферемдумот во Италија и оставката на италијанскиот премиер Матето Ренци.

Во интервју за Би-Би-Си, Блајт тврди дека ЕУ ќе се распадне и тоа можеби уште пред Велика Британија да го активира членот 50 од Лусабонскиот договор, со што формално би започнал процесот на британското напуштање на Унијата. 

Блајт оценува и дека политиката за спречување на изборот на лидерката на екстремно десничарскиот Национален фронт, Марин Ле Пен за француски претседател, би можела да има кобним последици по Франција, имајќи ја предвид големата поддшка што таа ја има меѓу гласачкото тело.  

– Имаме избори во Франција, кои се приближуваат и на кои е многу уверлива опцијата за победа на Националниот фронт во првиот круг. Тогаш сите останати во Франција ќе организираат голема коалиција за да се обидат да го спречат изборот на Ле Пен (за претседател), истакнува Блајт во интервјутот за Би-Би-Си.