Не е исклучена можноста напаѓачот, кој на новогодишната ноќ во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул уби 39 лица, да побегнал во странство, изјави денеска турскиот вицепремиер Вејси Кајнак.
Тој очекува антитерористичките операции во Турција да дадат резултати.
Вицепремиерот истакна дека се утврдени врските на терористот, како и можните негови локации.
Според Кајнак, напаѓачот најверојатно е Ујгур, но тоа не може да биде потврдено со сигурност.
– Сигурно е дека нападот е извршен од едно лице, но можеби тој имал помош, наведе турскиот вицепремиер.