Ѕидната микробранова печка Чои Јанг, ги редефинира стандардите на актуелните апарати за домаќинство од овој тип, кои вообичаено се во квадарна форма.
Чои Јанг претставува еден брилијантен дизајн, кои иако е монтиран на ѕид може да издржи многу тешки садови и чинии. Кога не е во употреба, микробрановата печка станува компактен елемент кој може да биде залепен на површината на ѕидот.
Кога треба да го стоплите своето јадење, се што треба да направите е да ја навалите плочата на рерната, да ја подигнете нејзината врата и да ја поставите чинијата на нејзино место.
Откако ќе завршите со користење на микробрановата печка, единицата може повторно да се состави и да се врати крај ѕидот. Дизајнерските детали на овој неверојатен апарат за домаќинство се целосно беспрекорни.
Некои од деловите на овие микробранови печки можат да бидат одвоени од базата и со тоа да се олесни нејзиното чистење и одржување.