Кои се најромантичните места во светот

Од:

Без разлика дали сте во првата година од врската или полека се доближувате до златната годишнина, ретко кој може да и одолее на приликата да ги истражи најромантичните места во светот. Хотелот под мраз на Исланд или божиќниот плоштад во Ротенбург во Германија, се само некои од најромантичните места во светот.

Пробајте го патувањето од бајките – патувајте со воз во Сент Мориц, вљубете се во зимата додека шетате по камените улици на божиќниот плоштад во германскиот град Ротенбург, препорачува „Нејшенел Географик“.

Можете да направите и магични спомени и тоа додека се вљубувате во пролетта во Јапонија и во цветот на црешите.

Уживајте со  чаша вино или шампањ додека го набљудувате залезот на сонцето во главниот град на Велика Британија.

Педесетина нијанси од сината е синоним за магичниот поглед на кристално синото море крај островот Бора Бора, а на вечна љубов ќе се заколнете пред хотелот од мраз во Исланд.