Општина Аеродром фрли седум тони сол по првиот снег

Од:

Зимската служба на Општина Аеродром од утрово, откако почна да паѓа првиот снег зимава, излезе на терен и непрекинато ги расчистуваше паркинг-улиците и патеките, кои се под надлежност на општината.

Во текот на утринските часови на територијата на Општина Аеродром се фрлени околу седум тони сол и во ниту еден момент не се дозволи да има застој или проблеми со сообраќајот на улиците во општината. Улиците континуирано се расчистуваа со возилата за зимско одржување. 

Ангажирани се и сезонските работници да ги расчистуваат приодите околу градинките и училиштата, а се интервенира и на автобуските постојки.

Екипите на зимската служба на Општината се подготвени со 400 тони сол и за нови поголеми врнежи од снег. Тие ќе ја следат состојбата и понатаму и доколку се појави потреба ќе реагираат согласно со условите на теренот.

Општина Аеродром апелира до граѓаните да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради, што е нивна законска обврска, со што ќе се овозможи проодност и непречен пристап до објектите.