Усвоен буџетот на општина Куманово

Од:

 Советниците на денешната седница го усвоиja буџетот на општина Куманово за наредната 2017 година.

Буџетот за идната година изнесува приближно милјарда и 890 милиони денари, од кои основниот буџет изнесува 940 милиони денари, околу 65 милиони денари се приходи на општинските буџетски корисници, самофинансирачките приходи, 850 милиони се средства од дотации кои доаѓаат за општинските буџетски корисници од страна на државата и 18 милиони денари се средства од донации дел на општината, дел на училиштата согласно потпишаните договори кои ќе се реализираат во 2017 година.

– Буџетот е стандардизиран, поделен е во три ставки, општ, посебен и развоен. Во општиот прикажни се приходите и расходите, а во посебниот расчленети расходи детално по програми и ставки за трошењето на парите во наредната година. Во развојниот вградена е развојната програма донесена на изминатите седници, а ќе се реализира од 1 јануари наредната година, изјави Ирена Илиевска, раководител на сектор за финансии.

Таа нагласи дека приходите се стандардни и се очекува прилив од даноците, комуналните такси, надоместок за уредување на градежно земјиште, приходите од легализација, додека на расходната страна, трошоците се поделени на тековни и капитални. Предвидена е изградба на градинка, реновирање на градска куќа на мост на река Којнарка, изградба на улици, реконструкции, фекална канализација и други трошоци кои се составен дел на програмите донесени во 2016 година.

На седницата беа усвоени и извештаи и програми за работа на јавните претпријатија во градот.