• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

52,8 отсто излезеност до 17 часот на гласачкото место во Теарце

by А1он25/12/2016 - 17:2125/12/2016 - 21:0299
Share0

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека на избирачкото место број 2011 во Теарце до 17 часот на гласање излегле 377, или 52,8 отсто од вкупно запишаните 714 избирачи во Избирачкиот список.

Добивај вести на вибер

Гласањето се одвива мирно и без проблеми. Околу 9 часот имаше петнаесетминутен прекин поради проблеми со УВ-ламбите, но тие се заменети и гласањето продолжило.

На гласачкото место се и набљудувачи од политички партии и од невладини организации, забележително е и присуство на припадници на полицијата.

Првичните резултати од гласањето се очекува ДИК да ги соопшти на прес-конференција во 21:30 часот.

ДИК донесе одлука да се повтори гласањето на ова избирачко место врз основа на симулацијата со која се покажа дека прегласувањето може да влијае на бројот на освоени мандати, и врз основа на одлуката на Управниот суд да ја прифати тужбата на Коалицијата предводена од СДСМ и да донесе решение за поништување на гласањето на ова избирачко место.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен