На денешната седницата на Совет на општина Битола, координаторот на опозицијата од редовите на СДСМ, Наташа Петровска, во името на опозицијата побара да се стави точка на дневен ред: Информација за моменталната состојба со амбиенталниот воздух во Битола и извештај за сегашните мерки на општина Битола.
Опозицијата предложи и предлог краткорочни и среднорочни мерки:
Краткорочни мерки:
– Обезбедување на посебен режим на сообраќај во критичните денови за централно градско подрачје
(дотур на стоки во продавниците во некритични часови)
– Обезбедување на беспалтен превоз за сите ученици независно од оддалеченоста од местото на живеење до училиште во критичните денови
– Намалени работни саати за работниците на отворено
– Ослободување од работа на ранливите категории во критичните денови како на пример, бремени жени
Среднорочни мерки:
– Обезбедување на 20 милиони денари во буџетот на општина Битола за започнување на градската (терцијална) гасоводна мрежа со изготвување меѓу другото и на планска документација
Власта предводена од ДПМНЕ не ја прифати оваа точка на дневен ред по што побараа оваа точка да се стави на дневен ред на седницата во понеделник.
Останува битолчани после 3,5 години борба за било каква активност на општината во решавање на проблемот со амбиенталниот воздух според ДПМНЕ да почекаат уште 2 дена.