Во Скопје денеска е промовиран првиот македонски бесплатен лајфстајл магазин „Инфинити“.
Ексклузивни интервјуа, едиторијали, мода, козметика, здравје, мајчинство, тинејџерски свет, забава, образование, деловност, автомобилизам, спорт, уредување на домот, туризам,…, се само дел од содржините на списанието.
– Пред 24 години го издадовме првото македонско списание за тинејџери Таа, пред 20 години излезе списанието за жени Комплетна, потоа следуваа Тој машки свет, па Мој дом…сите во издание на издавачката куќа Нампрес. Денес сите тие списанија прераснаа во ново, бесплатно списание. Инфинити е списание со бесконечна понуда, бесконечни можности, бесконечна инспирација и содржини за целото семејство, рече директорката на Нампрес Ангела Крстевска.
Инфинити ќе биде достапно во одбрани кафулиња, ресторани и хотели низ цела Македонија, продавници за облека, салони за мебел, салони за автомобили, болници и други приватни здравствени установи, банки, спортски центри, амбасади, театри/концертни сали/кина/музеи, туристички агенции, авиокомпании.