Амбасадорски фотографии во комеморативни рамки се појавија по говорот на Груевски

Од:

Фотографии во комеморативни рамки со црни ленти и свеќи од повеќе странски амбасадори и дипломати во Македонија утрово се појавија на социјалните мрежи.

Во анонимната галерија се најдоа и амбасадорот на САД, Џес Бејли, како и амбасадорите на Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Европската унија но и екс медијаторот Питер Ванхауте и европскиот пратеник Ричард Ховит.

Странските амбасадори се на мета на критики на ВМРО-ДПМНЕ откако Никола Груевски во саботата на протестот пред ДИК одржа антиамбасадорски говор каде напомена дека нема да дозволи мешање на амбасадорите во договорите помеѓу партиите. Закани кон амбасадорите упати и директорот на Државен архив, Филип Петровски кој му порача на еден од амбасадорите да не провоцира и да се тргне од внатрешните политики на државата.

jbcrao2

8yvvugu

jll5okr

reg4czy

ri88gcm

srwqw2o

d8fzbqo

gjnhnv8

d0lg63y

d6g6nip