Според првичните неофицијални резултати, опозицијата предводена од СДСМ води во речиси сите места во земјава.
СДСМ води во Делчево, Ресен, Македонски Брод, за Радовиш се најавува голема победа, а голема е разликата во Карпош, Аеродром и Центар.
Од едно избројано место во Ново Лисиче, СДСМ има двојно повеќе гласови, а се води битка и во Битола каде според досегашните резултати опозицијата има 5707 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 4981 глас.
СДСМ води и во Арачино, Брест, Танушевци и повеќе места каде што живее етничко албанско население.
Во Арачиново СДСМ има 177 гласови, ДУИ 73 гласови, ДПА 32 гласа, а ВМРО-ДПМНЕ 2 гласа.