Пејковски: Не е точно дека сме поткупувале гласови

Од:

Директорот на КПД Идризово, Живко Пејковски, ги демантираше обвинувањата дека тој заедно со директорката на санкции Лидија Гавриловска, поткупувале гласови од затворениците во Идризово и ветувале помилувања на затворениците доколку гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа се само шпекулации, никој не може да делува на изборниот процес. Ние немаме избирачки списоци, целокупниот процес го води изборната комисија и ние не учествуваме во таа работа, рече Пејковски.

Пејковски исто така демантираше дека телефонските говорници се исклучени во целиот затвор.

– Не е точно дека ниту една говорница во затворот не работи, има 22 телефонски говорници кои се исправни, а само неколку не работат, вели Пејковски.