Ден Дончев: СЈО да истражи како Љубе Бошкоски е осуден со лажен заштитен сведок

Од:

Скопје 04 декември 2016: Носителот на кандидатската листа за ИЕ 1 Ден Дончев на Коалицијата ВМРО за Македонија со мобилниот тим денес имаше повеќе средби со граѓаните на општина Карпош, со посетителите на Водно, како и пред Специјалното јавно обвинителство, кадешто даде изјава за
медиумите.

Бараме СЈО да го истражи случајот на апсењето и на судскиот процес на Љубе Бошкоски, рече Ден Дончев. Сите имавме можност преку бомбите да слушнеме како луѓе од врвушката на власта се изживуваа при апсењето, но јавноста нешто незнае. Имаме конкретни сознанија и тврдиме дека човекот со кој Бошкоски седеше во ресторанот и кој требаше законски да биде заштитениот сведок не е човекот кој се појави и сведочеше против Бошкоски. Тврдиме дека заштитениот сведок не само што не се појавил во судот туку е лажиран заштитен сведок. Бараме СЈО овој случај да го расчисти и да добие приоритет. Имено, доколку крунскиот сведок не се појавил и не сведочел, тогаш правно гледано немало случај против господинот Бошкоски. Тоа значи дека невин човек е осуден и беше пет години во затвор.Кога на ваков начин на Бошкоски му е одземена слободата и беше во затвор цели пет години, тоа значи дека никој во оваа земја неможе да се чуствува сигурен со оваа диктатура и овој режим.

Не е точно дека со СЈО политичката криза ќе се продолжела, како што по митинзите убедува Груевски. Ние велиме НЕ господине Груевски – кризата не може да заврши додека СЈО не си ја заврши својата работа, правично и праведно, онака како што е предвидено со Пржинскиот договор и онака како што доликува на една сериозна и независна институција.Ние разбираме зошто ти можеби имаш причина да се плашиш, но правото и правдата им припаѓаат на
секој поединец – без исклучоци.

Порачуваме и во ова прилика дека за коалицијата ВМРО за Македонија СЈО е црвената линија од која нема отстапување: СЈО треба да си ја заврши својата работа професионално – праведно и правично, истакна Дончев.