Одговор за господинот Милошоски!

Од:

Во чие време граѓаните имаа поголема куповна моќ? Еден граѓанин низ личниот пример понуди “реклама“ за изборната кампања и одговор за Антонио Милошоски со која укажува што можеше да се купи со 100 денари во времето на СДСМ, а што со 100 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Груевски.

Тој напиша:

-Во времето на СДСМ кога просечна плата беше 11.800 денари, за сто денари можеа да се купат три кутии цигари “Родео“.

-Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога просечна плата е 22.300 денари, за сто денари може да се купи само една кутија цигари “Родео“.

Заклучокот на кој упатува граѓанинот е за да биде истата куповна моќ во времето на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата сега треба да изнесува околу 30.000 денари.