Продолжуваат промотивните настани за органско земјоделство

Од:

Викендов во Скопје продолжуваат п ромотивните настани за органско земјоделство што ги организира  Федерацијата на производители на органски производи на Македонија со поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.        

Станува збор за проект кој е дел од манифестацијата „Денови на органското производство 2016“.    

Како што информира Федерацијата, потрошувачите ќе имаат можност да се запознаат со производителите и нивните производи, а преку организираните информативни и едукативни содржини ќе можат да стекнат нови знаења и подетално да се запознаат со правилата и начините за органско производство. 
Програмата предвидува и мини квиз на кој посетителите, купувачите, ќе може да го покажат своето знаење за органското производство и да бидат наградени.

Промотивните активности денеска се во Градскиот трговски центар (ГТЦ), а утре во Сити мол. Вчера се одржаа исто така во ГТЦ, додека минатиот петок, освен во ГТЦ, организирани беа и во Капитол мол во Аеродром.