ВМРО-ДПМНЕ нареди: По половина плата од административците за партијата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ од администрацијата во Крива Паланка бара најдоцна до 30 месецов да уплатат 50 отсто од платата на сметка на партијата со назнака „Донација“ Примач „Коалиција за предвремени избори на пратеници 2016 ВМРО ДПМНЕ“.

Во изминатите изборни циклуси администрацијата и членовите на ВМРО-ДПМНЕ редовно донираа и до илјада евра за партијата што беше сигнал за многу експерти од областа за перење пари да го постават прашањето дали се тоа пари “испрани“ од државната каса. Дали толку лесно административците ќе се откажат од половина плата или пак со потврдата која ќе ја однесат ќе им се враќаат парите, е прашање кое треба да го испитаат надлежните институции.