Твитер заедницата се исмева со обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски да наметне теза дека лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе спроведе двојазичност и федерализација на Македонија. Се постираат фотографии на секој чекор од Скопје каде двојазичноста е присутна од времето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, од автобусите на ЈСП, до билетите и сите институции.

Денес и вработените од Комуналец беа забележани со двојазични униформи. Македонија пред федерализација!
Заев почна со федерализација.

Заев веќе почна да спроведува двојазичност. Што ли ќе не снајде кога ќе стане премиер?

Овој Заев заебан играч. Во Скопје ви воведе двојазичност за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Имаме двојазичност во ЈСП и сега?

Што ВМРО, што двојазичност?

