По повод усвојувањето на Резолуцијата на Европски парламент за спротиставување на антиевропската кампања на руските и исламистичките медиуми, рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази надеж дека нема да биде воведена цензура во Европска унија.
– Сметам дека ќе победи здравиот разум и нема да има никакви реални ограничувања кога станува збор за руските медиуми, посочи Путин, кој им честита на новинарите на Спутинк и на РТ на ефикасната работа.
Тој додаде дека Западот цело време се обидува да ја научи Русија што е демократија, медиуми, забрани, а самиот не е добар пример за тоа.
Спутинк апелираше да не се дозволи воведување на државна цензура и оцени дека Резолуцијата на ЕУ претставува директно кршење на човековите права и слободи на медиумите.
Спутник апелира до меѓународните организации, како ОН, УНЕСКО, ОБСЕ и Репортери без граници, како и другите здруженија во ЕУ, да покажат солдарност и да се заложат против „невидена дискриминација и да застанат во заштита на вредностите на демократијата“.
ЕП денеска усвои Резолуција за спротиставување на антиевропската кампања во руските и исламистичките медиуми.