Економската соработка меѓу Македонија и Унгарија во континуитет бележи позитивен тренд, но може да биде уште поуспешна, преку дирекни инвестиции, заеднички проекти, размена на информации и заеднички настап на трети пазари, беше речено денеска на конференцијата на која беше презентиран системот „Хунгарикум“ за обединување и промовирање на автохтоните унгарски производи и услуги.
„Хунгарикум“ опфаќа 60 унгарски национални вредности, специфични производи, но и значајни личности кои оставиле свој печат во историјата на Унгарија.
– Целта на денешната конференцијата е да се презентираат позитивните примери и да се направи размена на искуства, како и бизнис соработка меѓу унгарските и македонските компании кога станува збор за промоција на традиционалните производи и услуги на домашниот и на меѓународниот пазар како национален бренд, изјави оперативниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Александар Зарков.
Заедничката иницијатива за конференцијата, додаде, произлегува од веќе воспоставените активности на Сојузот во насока на промоција на македонските компаниикои имаат традиција во создавањето бизнис идентитет и успешно го промовираат македонскиот квалитет на домашниот и странските пазари.
