Тешка сообраќајка кај Градско, загина 58-годишен скопјанец

Од:

Педесет и осум годишен скопјанец, утринава го загуби животот во собраќајна несреќа на регионалниот пат Велес-Градско.

Несреќата се случила околу седум часот во близина на селото Ногаевци, кога директно се судриле две возила, товарно возило марка „ситроен берлинго“ со скопски регистарски таблички и влечно возило марка „сканиа“ со приклучно возило со кумановски регистарски таблички.

Во несреќата на лице место загинал возачот на „берлингото“, а со тешки повреди се здобил сопатникот во товарното возило, на возраст од педесет и пет години.

Јавен обвинител и екипа на СВР Велес утрово направија увид на местото на несреќата, а дополнително ќе се утврдуваат причините за сообраќајката.