Пожар избувнал синоќа во фирмата „Виномак-Битола“, соопшти полицијата.
Во 22:30 часот синоќа во СВР-Битола пријавен е пожар во фирмата „Виномак-Битола“ каде бил зафатен целиот објект, а во кругот имало и други корисници на просторот и постоело можност да бидат зафатени и други објекти, соопшти МВР. Во 00:10 часот од екипа на ТППЕ-Битола, пожарот е локализиран.
Се преземаат мерки за утврдување на причините кои довеле до опожарување.
