Средби на стопанственици од Битола и Херцег Нови за унапредување на економската соработка меѓу Црна Гора и Македонија ќе се одржат денеска во рамки на манифестацијата „Денови на Мимозите“ во Битола.
Деновите ги организираат амбасадата на Црна Гора во Македонија и конзулатот на Црна Гора во Битола, во соработка со Националната туристичка организација на Црна Гора, општина Херцег Нови и туристичката организација на Херцег Нови.
Во рамки на манифестацијата ќе бидат промовирани црногорските и херцегновските туристички потенцијали, а на Широк сокак ќе се одржи дефиле на мажоретки придружувани од градски оркестар.
