Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар денеска од 12:00 до 16:00 часот ќе биде во прекин, информира ЈП Македонија пат.
Во зависност од потребите ќе бидат пропуштани само приоритетни возила на брза помош, противпожарна и полиција.
Прекинот на патниот правец Маврово – Дебар Р-1202, Бошков мост – Косоврасти, е поради асфалтирање на патот.
