Во однос на денешната конференција за печат од страна на техничкиот министер за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски, и поднесената кривична пријава од нејзина страна кон директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, го истакнуваме следново:
Техничкиот министер за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски, на денешната прес конференција искажа многу невистини и смислени конструкции со кои сака пред се да нанесе штета на директорот на Агенцијата за вработување и на самата институција.
Како што во повеќе наврати истакнавме, во октомври 2015 година меѓу Mинистерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување е склучен Договор за меѓусебна соработка. За користење и управување со предметните возила на Агенцијата, Директорот има издадено и соодветни Овластувања. Целата постапка е покриена со соодветна документација.
Ташевска Ременски нема кредибилитет да говори за функционирањето на АВРМ, кога како министер институцијата која ја води направи голем број прекршувања на законот и се соочи со тужби и кривични пријави за злоупотреби на законските надлежности и злоупотреби на финасиски средства, а воедно не предложи ниту реализира било каков проект за граѓаните.
Поради горенаведеното, Агенцијата за вработување ќе покрене кривична пријава за лажно пријавување и тужба за навреда и клевета против техничкиот министер за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски.
Агенција за вработување на Република Македонија
