Францускиот амбасадор Тимоние во посета на Штип

Од:

Искрено се надевам дека изборите на 11 декември ќе поминат добро за, конечно, да ја затвориме страницата на политичките потешкотии и забразано да целиме кон Европската унија. Затоа што ние Македонија ја очекуваме во ЕУ, изјави амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние, кој денеска беше во работна посета на Штип и имаше средба со градоначалникот Илчо Захариев.

На новинарско прашање каква кампања очекува од страна на политичките партии од 21 ноември, Тимоние одговори дека тоа треба да го кажат македонските политичари.

– Затоа што, сепак, изборите секогаш носат за сите огромни демократски задоволства. Државната изборна комисија направи огромен напредок во организирањето на изборите. Најважно е изборите да бидат слободни и фер и признати од сите коишто учествуваат во изборниот процес. На Македонците им останува да одлучуваат за својата иднина, рече Тимониер.

Амбасадорот на Франција и штипскиот градоначалник разговараа за соработката во образованието, односно за изучување на францускиот јазик во основните и во средните училишта.

– Имајќи ја во предвид целокупната распределба на ресурси од областа на агропрехранбениот сектор, модата, текстилот, кои впрочем се и области во кои и Франција има голема умешност, мислам дека постои простор за продлабочена размена меѓу двете земји. Јазикот и културата се најдобриот начин за унапредување на соработката, рече Тимоние.

Градоначалникот Захариев изрази задоволство што амбасадорот  на Франција е заинтересиран за соработка во образованието и  стопанството. Истакна дека Франција ги има најразвиените вински региони, но Македонија и Штип имаат, исто така, квалитетни винарии во кои се произведува вино пласирано на странските пазари.

Францускиот амбасадор оствари средба и со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Блажо Боев, на која разговараа за соработка со универзитети од Франција и со други институции.

– Мислам дека ова е добра прилика да направиме исчекор за нашите студенти и професори на француските универзитети и да стекнат знаења и она што е важно за образованието и едукацијата на тие престижни француски универзитети, рече Боев.

Тимоние изјави дека дека на средбата  разговарале и за вклучување на францускиот јазик на факултетите на Штипскиот универзитет, како и за соработка во земјоделството и уметноста кои во Франција се меѓу  најразвиението сектори.