Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов денеска прими претставници на Мировниот корпус кои престојуваат во општината.
На средбата, информира Панов, разговарале за секојдневни теми поврзани со нивниот живот во Македонија.
– Ми ги пренесоа нивните импресии од семејствата кои се нивни домаќини. Се интересираа за нашата историја, култура и традиција, за инфраструктурата, рече градоначалникот Панов, кој најави дека Панов ќе им помогне во наредниот период да посетат уште неколку интересни места како стариот град Стоби, планината Кожуф, Охрид.
Волонтерите изјавија дека се задоволни од деновите поминати во Кавадарци и меѓу кавадарчани.
– Македонија е прекрасна земја во која живеат прекрасни луѓе, рече Џемс Дин.
Пофални зборови за Македонија и македонските граѓани изрази и Стивен Ричардс, кој престојува во селото Ваташа.
