Царинска управа и Агенцијата за лекови потпишаа Меморандум за соработка

Од:

Царинската управа на Република Македонија и Агенцијата за лекови и медицински средства на 15 ноември 2016 година потпишаа Меморандум за соработка, со што ќе се интензивира заемната соработка во делот на царинското законодавство и законодавството кое ја регулира контролата на лековите и медицинските средства.

– Целта на Меморандумот за соработка е да се овозможи високо ниво на заштита на населението од аспект на безбедност на лековите, медицинските средства, граничните производи и препаратите кои содржат опојни дроги и психотропни супстанции, како и олеснување, поедноставување и побрз меѓународен проток на ваквиот вид на стока, стои во соопштението од Царинската управа.