Јакуповиќ: Ердоган одважи се и повлечи ја одлуката за коалиција со системот!

Од:

Почитувана македонска јавност, ви се обраќам и вам, мои и наши другари другарки, соборци за слободата ви се обракам и вам! Пријатели, познаници роднини членови и симпатизери на ДНЕТ.

Во последните неколку денови ДНЕТ беше на крајно импулсивен и некоректен начин злоупотребена од претседателот на партијата кој по свое лично убедување без за тоа да одлучуваат органите на партијата, беше раскината коалицијата со опозицискиот фронт која трае речиси една деценија и од неразбирливи причини за целото членство освен од лични причини на претседателот, повторувам без за тоа да одлучуваат органите на ДНЕТ. Потпишана е коалиција со политичкиот блок на власта.

По овој крајно некоректен чин од претседателот веднаш по барање на членството по службена должност како ген. Секретар кој се грижи за одржување на состаноците на ДНЕТ осетив потреба да ја информирам јавноста за овој личен и импулсивен чин како крајно несериозен потег на претседателот.

По реакцијата на членството очекував дека претседателот ќе се одважи и ќе ја поништи одлуката и ќе ги повика органите на партија достојно да го искажат својот став по ова прашање, тој отиде на уште по примитивен начин да се пресметува со членството и лично со мене на начин на кој нам како партија целосно не ни прилега и се оградуваме од таквиот настап на претседателот САРАЧ.

Откако само пред неполн 1ч, ги известил членовите за свикување на И.О. Дел од нив ги убедувал воопшто да не доаѓаат а дел и не ги известил.

Без елементарни услови за одржување на И.О. А уште помалку за Ц.О. Без да има кфорум и мнозинство за одлука.

Повторно тој како личен чин си зема за право да врши измена на функции и лично да ги пишува и потпишува, подадени на неколкумина членови не повеке од 5 да носи невалидна одлука.

Од тука му се обраќам на Ердоган кој беше рамо до рамо со нас во борбата за слобода до Ердоган кој не убедуваше дека изрично додека е жив ке се залага за враќање на демократските приципи и начела на државата.

Те прашувам Ердоган во името на лугето кои се чувствуваат изневерени и скршени, толку ли евтино вредат твоите соборци и пријатели толку ли е евтина честа на еснафот ?
Денес овде стоиме одлучно јас- Един Јакуповиќ и Нермин Мустафа и Муса Алиевски, Сулејман Идриз, Илјаз Синановски, Ердоган Али и Ајлин Емин Скоко и Ајреттин Камиловски и Зихни Сејди, Ајдин Кантарџи, Беркант Ахмед Шенол Осман и Гунер Љутфи и Мурат Мустафа и Нешо и Џелал и Севдали Али и Авва Омер, и Ракип Асанов и целото општинска Тетово, Скопје, Битола, Ресен, Штип и сите останати општински организации, пред тебе стои членството твое и свое.

Нашето единствено барање е – веднаш повелекување на потпис со кој е направен личен чин за коалицирање и создавање фер и демократски услови за работа, а дотогаш важи единствено стариот договор за коалиција со социјал демократскиот сојуз и опозицискиот фронт.

Во спротивно во рок од 5 дена – поднесуваме до судот барање за укинување на одлука на претседателот на ДНЕТ за коалиција со системот. А веднаш по изборите бараме вонреден конгрес на ДНЕТ.

На крајот дозволете ми да се обратам и до раководството на партијата на движење на турците, ТХП – овие денови активно водите црна кампања против членството на партија со тоа единствено си наштетувате себе и на опозицискиот фронт.

Едно ќе порачам и до вас!

Јас не сум бил никогаш со лицето Горге Иванов организатор на пропаднатиот самит на НАТО во Охрид.

Јас не сум бил никогаш кандидат за пратеник од листата на ВМРО ДПМНЕ

Јас како вашиот потпретседател никогаш не сум бил раководител во Мин. за Култура и не сум бил дел од шемата со тогашниот Државен Секретар на Мин. за Култура на Р.М. Бети Канчевска Милевска – денес обвинета од СЈО.

Јас не сум бил никогаш како вашиот кандидат за пратеник дел од власта предводена од ВМРО ДПМНЕ И ДПТ ( ДЕМОКРАКТСКАТА ПАРТИЈА НА ТУРЦИТЕ ) И не сум бил никогаш претседател на млади на таква кримогена партиска структура-ДТП.

ЈАС никогаш не сум бил дел од протестот организиран од ВМРО ДПМНЕ и уметниците блиски до ситемот наречен УМ ЕТНОСТ – но вашиот претседател на млади беше дел од тој протест од каде произлезе и црниот понеделник! најголемиот удар врз демократијата на земјата, заедно со водачот на таа група и неговиот гуру денес директор во една културна интитуција!

Јас не се фотографирам на приеми како вашиот потпретседател на младите со култни личности и носители на листи на ВМРО ДМПМЕ ВО И.Е.БР 3.

НИЕ ЧЛЕНСТВОТО НА ДНЕТ ПОМЕЃУ ПЕЧАТОТ И МЕНЃЕМЕТО НА СИТЕМОТ И ДОСТОИНСТВОТО И ОБРСКАТА КОН ГРАЃАНИТЕ, ГИ ОДБИРАМЕ ГРАЃАНИТЕ.

НЕ САМО ШТО НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА НЕ ПОДЕЛИ, ТУКУ ОД ОВАА БИТКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ ПОБРОЈНИ И ЕДИНСТВЕНИ.

СЛОБОДАТА НЕМА ЦЕНА!!!
РЕЖИМОТ МОРА ДА ПАДНЕ!!

Един Јакуповиќ