ВИДЕО: Коалицијата „Излези да гласаш“ ќе се регистрира како официјален набљудувач на изборите

Од:

„Излези да гласаш“ ќе се регистрира како официјален набљудувач на предвремените парламентарни избори, информираат од коалицијата.

– „Излези да гласаш“ е коалиција составени од околу стотина невладини организации, а предводена од невладината организација Синергија која е активна повеќе од 14 години. На официјалната веб страна на Синергија во текот на идната недела ќе биде објавен повик за волонтери набљудувачи, кој ќе биде проследен до медиумите и јавноста за и овие избори, како и сите претходни да имаме успешен и сеопфатен мониторинг во избирачките места, рече Марија Блажевска од коалицијата.