Прв круг преговори за склучување договор за социјална сигурност меѓу Македонија и Русија

Од:

Прв круг преговори меѓу македонски и руски експерти за склучување на Договор за социјална сигурност меѓу Република Македонија и Руската Федерација се одржаа во периодот од 18 до 20 октомври 2016 година во Москва, Русија.

На состанокот, како што соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика, делегациите на двете земји размениле информации за правните прописи во областа на пензиското и здравственото осигурување, права по основ на невработеност, повреда при работа, професионална болест, како и права по основ на бременост, раѓање и мајчинство.

– За време на преговорите се разгледуваа одредби од Нацрт текстот на Договорот за соработка во областа на социјалната сигурност предложен од руска страна, се вели во соопштението.
Двете делегации се договориле вториот круг преговори да се одржи во март 2017 година во Скопје.