Наташа Габер-Дамјановска доби најмногу гласови за судија во Стразбур

Од:

Комисијата за избор на судии во Европскиот суд за човекови права при Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предлага до останатите членови на ПССЕ да гласаат за кандидатурата на Наташа Габер Дамјановска за судија од Македонија.

Комисијата претходно ги разгледа кандидатурите на сите тројца кандиати доставени од Република Македонија, по што на состанокот минатата недела (29 и 30 септември 2016 година) во Париз имаше разговори со сите канидати, со тесно мнозинство од гласови предност и даде на Наташа Габер-Дамјановска, пред Јован Илиевски.

Третиот кандидат Звонимир Јанкуловски, не влегува според документот во завршната фаза на гласањето, предвидено за време на есенската сесија на ПССЕ во Стразбур.

Гласањето за судиите е тајно и првиот круг започнува во вторник изутрината, евентуалниот втор круг е предвиден за во среда.

Во Комисијата која ги разгледуваше канидидатурите немаше пратеници од Македонија.