Обвинителство истражува дали има кривично дело „наведување на убиство“ во смртта на Крпач

Од:

Основното јавно обвинителство обвинува дека Специјалното јавно обвинителство не доставува информации за тоа кој се заканувал на Коста Крпач и за какви закани станува збор, со што, според нив, се отежнува предистражната постапка.

Обвинителството вели дека е констатирано дека станува збор за самоубиство, но она што во моментов се истражува е дали има основа за сторено кривично дело „наведување на убиство“.

Според основното јавно обвинителство, пресврт во однесувањето на крпач бил претресот на СЈО во неговиот дом на 6. април, по што Крпач се појавил како сведок во обвинителството ја Јанева.

ОЈО истакна дека Специјалното јавно обвинителство до сега поднело податоци, од кои дел биле непроверливи и побараа да се достават и бараните податоци од Записникот.

Од таму велат дека телефонот на Коста Крпач чува мистерии за неговите последни денови, но наведуваат дека ниту еден експерт не успеал да го декодира.

Крпач беше пронајден мртов во својот стан на 27. април во сомнителни околности, но по некое време обвинителството кажа дека се работи за самоубиство. Тој имаше две прострелни рани, од кои една во градите.

Специјалното јавно обвинителство тогаш кажа дека Коста Крпач бил сведок, а неговото име првпат се појави случајот „Трезор“, но обвинителката Ленче Ристоска истакна дека освен во овој случај, Крпач бил сведок и за неколку други случаи за кои обвинителството се уште нема покренато постапки.

Александар Тодески