Цистерни испумпуваат вода и од шахтите на плоштадот Филип Втори. Неколку возила ја собираат водата која ги има преплавено шахтите и почна да се излева на плоштадот.
Не е јасно дали се поплавени подземните простории за одржување на фонтаните или пак ова излевање на водата има некаква поврзаност со дефектот на канализацијата на ископот спроти МНР.