Голема сообраќајна гужва во главниот град беше предизвикана поради блокирање на улицата кај новото МНР каде се гради зграда на странски инвеститор од Девствени острови. Синоќа била скината главната фекална канализација која не може да се санира. Сега фекалиите одат и го наполнаа ископот за новата градба. Не се дозволува проаѓање во близина на ископот поради опасност да се урне и изградената зграда на ФДУ до ископот.
Таму според информации на А1он се појавил и скопскиот градоначалник Коце Трајановски, а целата улица преку мостот на МНР била забранета за сообраќај додека се санира проблемот, но тоа било неуспешно во текот на целиот ден и не може да се санира.
Проблемот е сериозен тврди за А1он работник кој работи на објектот според кого се создало цело езеро од фекалии. Во текот на денот можеше да се забележат цевки кои го празнеа ископот и ја исфрлаа содржината од фекалната канализација долу на кејот за што беше изваден и дел од новопоставената ограда од ковано железо.