(ВИДЕО) Заев со порака до учениците, родителите и наставниците за новата учебна година

Од:

Претседателот на опозициската СДСМ Зоран Заев во пресрет на утрешниот старт на новата учебна година денеска упати порака до учениците, родителите и наставниот кадар.

На учениците им порачува да бидат посветени, да учат, истражуваат и другаруваат, како и да бидат гласни, затоа што нивната креативност и критичност ќе направела и возрасните да учат од нив, а на родителите да ги поддржат децата за да се извлече максимумот од нивните дарби и таленти.

– Ви ветувам дека заедно ќе изградиме систем каде знаењето, вештините, здравјето и безбедноста на децата ќе бидат на прво место, им порачува Заев на родителите.

Во обраќањето, пак, до наставниците и професорите, пак, претседателот на СДСМ наведува дека „доаѓа време без трауми од контроли и лоши екстерни тестирања, на креативност и слобода на изразување“ и оти „ќе ги дочекаат заедно промените уште оваа учебна година“