ФСП до Ад хок телото: Вашето неумесно однесување го доведува во прашање кредибилитетот на телото

Од:

Форумот на слободоумни патриоти сака да му укаже на членовите на ад-хок телото за контрола на медиуми дека нивниот избор е во функција на спроведување на што поефикасни, фер и демократски парламентарни избори, а не во функција на личните интереси на поединци и групи.

Вашето неумесно однесување уште во старт го доведува во прашање кредибилитетот на ова тело. Колку само да знаете ако не ви е јасно, она што во овој момент вие го правите уште во старт фрла дамка на целиот процес.

Сакаме да ви укажеме дека вашата улога е клучна за разрешување на политичката криза и очекуваме од вас разумно однесување. Одважете се и излезете од канџите во кои некој ве држи, народот го очекува тоа од вас, порачуваат од Форумот на слободоумни патриоти.