Брисел: Не од бомба, експлозијата е предизвикана од пожар

Од:

Институтот за криминологија на северот на Брисел, вели дека информациите дека причина  за експлозијата што рано утрово се случи е   подметната бомба се лажни.

„Најверојатно станува збор за криминално дело, а не за терористички акт, соопштуваат од канцеларијата на бриселското обвинителство“, пренесува Б92.

„Станува збор за намерно подметнат пожар во лабораторијата на сојузната полиција“, изјави портпаролката.

Таа вели дека експлозивот не е ниту уфрлен ниту претходно подметнат, туку дека пожарот предизвикал експлозија.

Според претходните известувања, еден или повеќе напаѓачи со автомобил ја пробиле оградата околу 3 часот изутринава и потоа детонирале бомба недалеку од лабораторијата што предизвикало пожар.

Сеуште официјално не се утврдени причините за експлозијата, но портпаролот на Противпожарната заштита Пјер Мејс изјав и дека причината најверојатно не е случајност, додека обвинителот одби даги посочи причините за експлозијата на Институтот за криминологија.

 

Институтот за криминологија е дел од белгискиот правосуден систем, а н егова задача е да изведува научни анализи поврзани за кривичните предмети и да ги проучува системите на функционирање на затворските системи.