Центарот на американската репрезентација Демаркус Казинс беше еден од најзаслужните за златниот медал на Олимписките игри во Рио.
По завршувањето на мечот во арената во Рио тој се сликаше со Богдан Богдановиќ со порака
“Иднината е светла“.
Казис на тој начин му посака добредојде на Богдановиќ во Сакраменто Кингс, од каде полагаат право на српскиот кошаркар.
Српските кошаркари освоија сребрен медал, прв од осамосојувањето на Србија, а тоа беше и осми медал од Рио за спортистите.