Интелигентните луѓе помалку се дружат, повеќе почитуваат осаменост

Од:

Ако сте релативно интелигентна личност, сигурно сте опседнати со две работи: зошто помалку се дружам од моите врсници и зошто имам напади на анксиозност. Интелигентните луѓе имаат тенденција да бидат повеќе загрижени од останатите, а исто така имаат поизразена социјална анксиозност од просечните луѓе.

Испитувањето објавено во списанието British Journal of Psychology покажува дек високо интелегентните луѓе се во состојба да се прилагодат на сите услови на модерниот живот и подготвени се да ја напуштата масата за да тргнат по својот пат. Во основа интелегентните луѓе сакаат помалку да се дружат, бидејќи не им е потребно чувството на племенска припадност за во него да ја најдат смислата на животот.

Интересно е што испитувањето покажа дека луѓето во помалите градови се посреќни, што укажува дека што помалку луѓе има околу нас, повеќе сме среќни.

Исто така, луѓето во помалите места повеќе се свртени едни кон други и фокусирани се на наредокот, без разлика дали е личен или заеднички.